ОД ЗЛАТЕН РИД БИТОЛЧАНИ СОБРАА ВРЕЌИ ПОЛНИ ЃУБРЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ЗЛАТЕН РИД БИТОЛЧАНИ СОБРАА ВРЕЌИ ПОЛНИ ЃУБРЕ

    Полни вреќи ѓубре собраа битолчани кои денес се вклучија во акцијата за расчистување на касарната и околните ридови. Според сметот што го собраа, поширокиот простор во касарнaта очигледно не бил подетално исчистен откако си замина војската од АРМ.

    На ова место кое е наречено и Златен рид сега се гради нова населба со згради, продадени се и парцели за куќи, а претставува и рекреативна зона. Граѓаните со раце го собираа расфрланото ѓубре низ околината од влезот на касарната, па се до болницата. Општината, пак, со механизација собра смет од 11 диви депонии. Еко акцијата „Ајде Македонија“ се спроведе во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“, а главен покривител беше Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку „Цивика Мобилитас“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира