ОХРИД НАПРАВИ ШОПСКА САЛАТА ЗА ГИНИС ТЕШКА 202 КИЛОГРАМИ

    ОХРИД НАПРАВИ ШОПСКА САЛАТА ЗА ГИНИС ТЕШКА 202 КИЛОГРАМИОхрид пред три години, за Денот на рибарите, се обиде да направи најголема рибина чорба на светот, но во Охрид не се појавија претставниците на Гинис.Овој пат успеа со шопска салата - од подготовката на салатата во хотелот Гарден (Фото: Д. Чубриќ)

    Во Охрид во петокот беше направена најголемата шопска салата на светот. Тежи над  202 килограми, а се подготвуваше повеќе од десет часа.  Беа исечкани 80 килограми домати, 80 килограми краставици, 40 килограми  сирење и 20 килограми кромид.

    За време на подготвувањето на салатата беа присутни сопственици на познати ресторани од земјава, како и добри познавачи на храна од Русија.

    Подготовката ја следеше комисија на Гинис со претставници од од пет држави.

    Охрид пред три години, за Денот на рибарите, се обиде да направи најголема рибина чорба на светот, но во Охрид не се појавија претставниците на Гинис.

    Ова е втор обид градот да влезе во Гинисовата книга на рекорди преку подготвување на храна.

    Досегашниот рекорд во шопска салата го држеше Бугарија, со 86 килограми во 2009-та година.

    Д. Чубриќ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира