ОХРИД СОС НА СЕДНИЦА НА УНЕСКО КАКО ЕДИНСТВЕН ПРЕТСТАВНИК ОД МАКЕДОНИЈА

    ОХРИД СОС НА СЕДНИЦА НА УНЕСКО КАКО ЕДИНСТВЕН ПРЕТСТАВНИК ОД МАКЕДОНИЈАОхрид СОС минатиот месец учествуваше на Европскиот конгрес за блатни екосистеми.

    Граѓанската иницијатива Охрид СОС е поканета да учествува на 41. седница на УНЕСКО која оваа година ќе се одржи во Краков, Полска на почетокот на следниот месец. Иницијативата Охрид СОС е поканета во својство на набљудувач и е единствен претставник од граѓанскиот сектор во Македонија.

    „Почестени сме што ја добивме поканата бидејќи таа е доказ и потврда за нашата работа, како и за меѓународното признание на Охрид СОС во полето на заштита на светското природно и културно наследство на Македонија“, изјави Емилија Апостолова Чаловска, претставничката на Охрид СОС.

    Присуството на Охрид СОС на Седницата на УНЕСКО е од витално значење имајќи ја предвид реактивната мисија на УНЕСКО која беше остварена во април 2017 година, извештајот кој произлезе од оваа мисија и можноста за потенцијално впишување на охридскиот регион во листата на Светско наследство во опасност, што е само еден чекор од негово целосно бришење од листата на УНЕСКО.

    „Охрид СОС повеќе од две години посветено и целосно волонтерски работи на спречување на штетните инфраструктурни проекти, на соодветно информирање на јавноста за нивното вистинско влијание и на поттикнување одржлив развој на регионот преку кој ќе се обезбеди достоинствен живот за локалното население и ќе се спречи отселувањето на младите квалитетни кадри“, вели Апостолова Чаловска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира