ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО САМО СЕ ИСЧИСТИ ОД ПОЛЕНОВАТА ПОКРИВКА

    ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО САМО СЕ ИСЧИСТИ ОД ПОЛЕНОВАТА ПОКРИВКАВетрот и брановите го отстранија слојот од полен кој паѓаше од зимзелените дрвја и од брезите во близина на брегот. (Фото: СДК.МК)

    Охридското Eзеро само се исчисти од поленот кој пред два дена го покри делот кај градското пристаниште. Ветрот и брановите го отстранија слојот од полен кој паѓаше од зимзелените дрвја и од брезите во близина на брегот.

    Покривката од полен предизвика вознемиреност кај екологистите и граѓаните, бидејќи не се знаеше од што настана и сметаа дека станува збор за уште еден еколошки инцидент, но набргу нуркачот Никола Паскали кажа дека станува збор за полен што го испуштаат зимзелените дрвја и брезите.

    „Ние зедовме примероци на површинската вода од овој дел на брегот, како и од други делови на Езерото. Во тек се редовни анализи на површинската вода. А резултатите ќе бидат готови на средината на идната недела“, ни изјави Сашко Точко, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.

    Во тек се редовни анализи на површинската вода, вели Центарот за јавно здравје Охрид. (Фото: СДК.МК)

    Екологистите се надеваат дека поленовата покривка не влијаеше врз живиот свет во Езерото.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира