ОПШТИНА АЕРОДРОМ ДОБИ КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ВАДЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ОД ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

    ОПШТИНА АЕРОДРОМ ДОБИ КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ВАДЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ОД ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИКанцеларијата за услуги ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 16 часот, a вработените ќе им помагаат на граѓаните да ги добијат услугите. (Фото: Министерство за дигитална трансформација )

    Во Трговскиот центар „Бисер“ во скопската Oпштина Аеродром е отворен Центар за услуги на граѓаните. Таму отсега ќе може да се извадат документи како: уверение за државјанство, уверение за податоци за стажот на осигурување, образец М1 или М2 од пријава или одјава во задолжително социјално осигурување, историјат на работни односи, потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, податоци на физички лица од кредитниот регистар.

    Канцеларијата за услуги ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 16 часот, a вработените ќе им помагаат на граѓаните да ги добијат услугите, но и ако сакаат да научат како се користат електронските услуги.

    Според министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, со работата на канцеларијата ќе им се олесни секојдневното функционирање на граѓаните, кои во непосредна близина на нивните домови ќе можат да ги вадат потребните документи што вообичаено се вадат во Фондот за здравство, Централниот регистар, Катастарот, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување и многу други институции кои што се приклучени на националниот портал uslugi.gov.mk.

    Андоновски кажа дека нема нови вработувања, ниту нов ангажман на администрацијата, туку услугите ќе ги даваат лица што веќе се вработени во Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира