ОПШТИНА МОГИЛА ЌЕ ДАВА ОД 10.000 ДО 30.000 ДЕНАРИ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА И ПО 20.000 ДЕНАРИ ЗА НОВОСКЛУЧЕНИ БРАКОВИ

    ОПШТИНА МОГИЛА ЌЕ ДАВА ОД 10.000 ДО 30.000 ДЕНАРИ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА И ПО 20.000 ДЕНАРИ ЗА НОВОСКЛУЧЕНИ БРАКОВИСпоред Државниот завод за стастистика во Могила во 2010 година имaше 66 новороденчиња, а во 2024 бројот е повеќе од преполовен односно 30.(Фото: Општина Могила)

    Општина Могила и годинава во буџетот предвиде пари за финансиска помош за новороденчиња и новосклучени бракови. Градоначалникот Драганчо Саботковски соопшти дека Општината континуирано продолжува да инвестира во иднината и семејството давајќи 10.000 денари за првородено дете, 15.000 денари за второродено и 30.000 денари за трето дете. Исто така, Општината ќе ги поддржи и новосклучените бракови со по 20.000 денари.

    „Ова не е само финансиска помош, ова е јасна и силна порака дека семејството, децата и младите се наш приоритет. Сите воведени мерки се со цел стимулирање и зачувување на наталитетот, како и создавање услови младите да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина во општина Могила“, соопшти Саботковски.

    Пелагониската општина Могила, како и други рурални општини во Македонија, се соочува со негативен природен прираст на населението. Според Државниот завод за статистика, во 2010 година имaше 66 новороденчиња, а во 2024 бројот е повеќе од преполовен односно 30.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира