ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ ЗА ШПАНСКИ СКАЛИ, ОД БАНКАРСКАТА ГАРАНЦИЈА НАПЛАТЕНИ 100.000 ЕВРА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ ЗА ШПАНСКИ СКАЛИ, ОД БАНКАРСКАТА ГАРАНЦИЈА НАПЛАТЕНИ 100.000 ЕВРАЗа случајот Шпански скали се води и судска постапка. (архивска фотографија)

    Општина Центар денеска еднострано го раскина договорот со фирмата Амадеус Девелопмент, за изградба на Шпанските скали на Плоштадот Македонија. Како што велат од Општината на раскинувањето на договорот му претходело активирање ма банкарската гаранција со што во општинскиот буџет се вратени околу 100.000 евра.

    „На 11.11.2013 помеѓу Министерството за транспорт и врски и ДТПУ Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје за изградба на т.н. ‘Шпански скали’., Амадеус Девелопмент биле обврзани да добијат одобрение за градење на предвидениот објект од Општина Центар во рок од 9 месеци од извршената солемнизација, а тој рок истекол на 20.08.2014.. Општина Центар сепак, на Амадеус Девелопмент им издава одобрение за градење дури на 28.7.2015 година, правосилно на 12.8.2015 година, чие барање за издавање е со задоцнета дата на поднесување. Согласно одобрението, Амадеус Девелопмент имале рок не подолг од 6 години за изградба на објектот, односно не подоцна од 12.8.2021″, објаснуваат од Општина Центар.

    Со решение од 12.5.2020, градоначалникот Богдановиќ го прогласува одобрението за ништовно. Жалбата на Амадеус Девелопмент до второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски е одбиена како неоснована, затоа што биле должни да почнат со градба најдоцна до 12.8.2017, односно најмногу 2 години од правосилноста на одобрението.

    “Согласно склучениот договор, доколку купувачот не исполни дел од обврските од истиот договор и не ги испочитува утврдените рокови, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар”, додаваат од Општината.

    За случајот Шпански скали се води и судска постапка. Обвинението на Обвинителството за организиран криминал и корупција е против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште против 10 службени лица од Министерството, од Катастар, против нотар, поранешен заменик правобранител и бизнисмени. Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште. Договорите за земјиштето биле дополнувани со анекси и покрај тоа што не биле исполнувани условите за тоа. Во обвинението се вели дека со своите дејствија обвинетите го оштетиле буџетот за 2,6 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира