ОПШТИНАТА ДА НЕ ДАВА ПАРИ ЗА ШИЗОИДНИ ИДЕИ КАКО ФИЛМОТ НА ТАЛЕСКИ, БАРА ОПОЗИЦИЈАТА ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОПШТИНАТА ДА НЕ ДАВА ПАРИ ЗА ШИЗОИДНИ ИДЕИ КАКО ФИЛМОТ НА ТАЛЕСКИ, БАРА ОПОЗИЦИЈАТА ВО БИТОЛА

    Советниците од опозицијата во битолскиот Совет побараа да се укине огласот за собирање понуди што го објави општина Битола за снимање на документарен филм за развојот на Битола за периодот од 2005 до 2017 година.

    „Да се дадат 508.000 денари за снимање на филм кога на Битола и требаат многу посуштински работи е вистинска лудорија. Талески со овој филм сака да се испере за своето 12-годишно неработење. Може Талески да снима филм со сопствени пари од својот паричник, а не со општински“, рече Валентин Груевски од ЛДП.
    Габриела Илиевска од ВМРО-НП побара од советниците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од како што рече „шизоидните идеи на Талески за снимање филм”.

    „Наместо како градски татко се однесува како разгалено детиште. Не доби пари за претстава, па сега ќе снима филм“, рече Илиевска.
    Советниците ги наброија недореализираните проекти на општината како топлификација, домот Копанки, Офицерскиот дом и друго.
    По дискусијата од опозицијата беше дадена пауза од 5 минути.

    Огласот за прибирање понуди за снимање на филм беше објавен на крајот од минатиот месец.
    Во него ќе биде опфатен периотот на владеење од трите мандати на Талески. (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира