Падна дел од таванот во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во центарот на Скопје . Попладнево се паднати големи парчиња од спуштениот плафон во делот кој гледа кон паркот Жена борец и сега на таванот зјае голема дупка. Во инцидентот нема повредени иако во тој период во трговскиот имало посетители и работеле дуќаните.
Директор на ГТЦ Ѓоко Трајчевски вели дека се откачил клима-уред на еден од дуќаните кој со себе урнал и дел од спуштениот плафон.
„Надворешниот елемент на климата која е поставена пред 20 години се откачил, попуштиле држачите и поради тоа се откорнал цел дел. Штетата ќе ја покрие сопственикот на дуќанот. Просторот е исчистен и утре дупката ќе биде затворена“, ни изјави Трајчевски.
А. АНТЕВСКА