Пак распука патот Теферич, само пет месеци откако беше реконструиран и поставен беше нов асфалт. Од Општина Кисела Вода денеска соопштија дека во координација со сите релевантни институции донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец.
„Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот“, рече градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска-Трајкоска.
Патот кон Теферич беше асфалтиран во септември лани. Тогаш три месеци патот беше затворен за сообраќај исто бидејќи асфалтот распука.
А. АНТЕВСКА



