Парното греење во Скопје од февруари поскапува за 5 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Како што кажа претседателот Марко Бислимоски, зголемувањето доаѓа по барањата на ЕСМ за корекција на цената поради поскапувањето на природниот гас.
„На светските берзи се бележи зголемување на цената на природниот гас во последниот квартал на 2024 година, а тоа зголемување продолжува и во јануари и ќе продолжи во февруари. Ако досега едно домаќинство плаќало 2.100 денари за парно греење, сега ќе плаќа 2.200 денари”, рече Бислимоски.
Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства. Од нив, 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 на железарското парно и 400 домаќинства на Топлификација Север.
А. АНТЕВСКА