ПАТНИЦИ ОД БИТОЛА ИЗМРЗНАА НА МИНУС 13 ЧЕКАЈЌИ ГО ВОЗОТ ЗА СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАТНИЦИ ОД БИТОЛА ИЗМРЗНАА НА МИНУС 13 ЧЕКАЈЌИ ГО ВОЗОТ ЗА СКОПЈЕ

    Студенти и други патници од Битола попладнево измрзнаа на битолската железничка станица чекајќи да тргне возот за Скопје. Патниците за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека патничкиот воз според возниот ред поаѓал во 18.05 часот, а тргнал дури во 19.40 часот. Поради доцнењето, патниците останале на перон да чекаат час и половина на температура од 13 степени под нулата.

    „Изѕемнавме чекајќи го возот. Бидејќи железничката станица во Битола се реновира, немаше ни чекална. Моравме да чекаме на отворено, под ведро небо, на перон иако температурите се сибирски“, велат патници од Битола.

    Од битолската железничка станица објаснија дека поради студот замрзнал уредот за нафта, но го поправиле и возот за  Скопје тргнал со задоцнување.
    Ж. Здравковска 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира