ПЕНЗИОНЕРИ ЧЕКААТ ДА РЕЗЕРВИРААТ ДРВА ЗА СЛЕДНАТА ЗИМА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕНЗИОНЕРИ ЧЕКААТ ДА РЕЗЕРВИРААТ ДРВА ЗА СЛЕДНАТА ЗИМА

    Пензионери во Кавадарци чекаат да резервираат дрва за огрев за следната зима. За да нема уште поголеми гужви бидејќи интересот за обезбедување на греење за наредната зимска сезона е огромен, локалното Здружение на пензионери им издало бројчиња и сега секојдневно по седумдесет пензионери можат да си запишат огревно дрво.

    Досега се издадени седумстотини бројчиња, а интересот кај пензионерите за обезбедување дрва за следната зима е многу поголем. Се очекува околу 1.230 пензионери на вакон начин да си обезбедат топол дом во наредната зимска сезона.

    „Како Здружение имаме договор со нашите добавувачи за обезбедување на 8.500 метри просторни дрва за огрев. Поучени од искуството од претходни години кога имаше проблеми со испораката на огревно дрво до пензионерите и тоа не поради наша вина ами поради вина на добавувачите, па некои дрвата ги чекаа и до крајот на декември, оваа година бараме од добавувачите да ни ги достават резервираните количини заклучно со месец август“, ни рече Ристо Анѓушев, претседател на Извршниот одбор на Здружението.

    Резервираните количини на огревно дрво, пензионерите ги плаќаат на осум рати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира