ПИРОТЕХНИЧАРИТЕ ОТСТРАНИЈА АРТИЛЕРИСКА ГРАНАТА КАЈ МАЛО МОВЧЕ ВО ВЕЛЕС

    ПИРОТЕХНИЧАРИТЕ ОТСТРАНИЈА АРТИЛЕРИСКА ГРАНАТА КАЈ МАЛО МОВЧЕ ВО ВЕЛЕСГраната ја пронашле градежните работници кои работат на изградба на кејот. (Фото: СДК.МК)

    Вчера попладне, покрај Мало мовче во Велес, на кејот во изградба е пронајдена експлозивна направа. Ја пронашле градежните работници кои се ангажирани за изведба на градежните работи.

    „Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вчера на кејот на реката Вардар во центарот на Велес отстранија артилериска граната од 75мм, пронајдена во 13ч при изведување на градежни работи. Гранатата е комплетна, зрно, чаура и барутно полнење. Истата е отстранета во 19ч и однесена е на безбедно место“, кажа Ефтим Митров, пиротехничар од ДСЗ.

    Пред една година на 14 август, кај Мало мовче исто така беше пронајдена и подоцна отстранета артилериска граната која беше од 105 мм.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира