ПИТИЈАДА ВО ВЕЛЕС НЕМА ДА ИМА, СО ПАРИТЕ ЌЕ СЕ КУПИ НОВА ОПРЕМА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ

    ПИТИЈАДА ВО ВЕЛЕС НЕМА ДА ИМА, СО ПАРИТЕ ЌЕ СЕ КУПИ НОВА ОПРЕМА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕСо парите од буџетот предвидени за Питијадата ќе се санираат и последиците од последниот голем пожар (Фото: СДК.МК)

    По катастрофалниот пожар што ја зафати околината на Велес и на езерото Младост, градоначалникот Аце Коцевски одлучи средствата од традиционалната Питијада да ги пренамени за пошумување и набавка на нова опрема за пожарникарите. Најави дека е време за промена на приоритетите, што вчера при посетата на Велес го побара премиерот Заев.

    „Одлучив на Советот да му предложам оваа година да не се одржи Фестивалот на велешки пити и вино. Место тоа, средствата што се предвидени во буџетот за таа намена, другите средства што ги предвидувавме со промената на програмите на денешната седница, како и средствата од поддржувачите на фестивалот да ги насочиме, пред сѐ, кон санирање на последиците од пожарот, пошумување на оголените површини и кон обезбедување на професионална лична заштитна опрема за пожарникарите“, рече Коцевски, на прес-конференција.

    Тој очекува одлуката да ја поддржат членовите на Советот на Општината, како и мнозинството граѓани. Поради тоа што веќе биле најавени гости за Питијадата, тогаш ќе се организирала поевтина, алтернативна манифестација. Коцевски најави дека пошумувањето би можело да се спроведе околу 9 ноември, кога е Денот на Општината.

    Во општинскиот буџет оваа година биле предвидени 500.000 денари за одржување на Питијадата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира