По 10 години сликање, фрескописот во тетовскиот соборен храм „Св. Кирил и Методиј“ беше осветен денеска со литургија што ја водеше архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан. Оваа тетовска црква, која е меѓу најголемите во Македонија, започна да се гради пред точно 120 години и е градена две децении.
Кога била завршена и осветена, црвата имала фрескопис само во олтарот и на куполата, додека ѕидовите од црквата беа без фрески. Иницијативата за нејзино целосно осликување започна во 2010, а тое е завршено годинава. Осликувањето на црквата е дело на професорите Венко Цветков и Зоран Бошковски.
З. АНДОНОВ