Општина Тетово од Министерството за животна средина го доби на владение новоизградениот цевковод, чија изградба траеше 18 години. Со новиот цевковод се очекува значително да се подобри водоснабдувањето на градот за еден подолг период. Примопредавањето беше направено помеѓу градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи и министерот за животна средина Башким Амети.
„Цевководот е во должина од 9.200 метри и неговата изградба траеше два и пол години. Со неговата целосна изградбата и со завршувањето на изградбата на филтер станицата која се очекува да биде наскоро, прашањето на водата за пиење за граѓаните на општина Тетово ќе биде затворено за еден подолг период“ изјави градоначалничката Арифи.
Изградбата на цевководот всушност е работа која треше полни 18 години. Некоку тетовски градоначалници правеа елаборати, планови, со почнуваше со градба па се стопираше поради немање сретства. Се земаа кредити за негово градење, се продаваа општински објекти, се добиваше парична помош и од државата. Во времето на минатиот градоначални Сади Беџети се изгради каптажата и се постави и дел од цевководот за кој после се испостави дена бил нестручно направен односно биле користени неадекватни цевки. Иако нема официјални податоци, се претпоставува дека во тој период од 18 години биле потрошени од 10 до 20 милиони евра, а Тетово повторно беше и без цевковод и без доволно вода за пиење. Со доаѓањето на актуелната општинска власт, од буџетот на Република Македонија преку Министерството за екологија, Општина Тетово доби нови 2 милиони евра за изградба на цевководот кој пред два месеци конечно беше завршен.
Сега останува само да се доизгради филтер станицата за што се повлечени 1.200.000 евра од Европската банка и 800.000 евра од буџетот на општина Тетово со што градот конечно ќе го реши деценискиот проблем со водата за пиење.
„Со добра организација, со добра соработка и со одговорно однесување за три години може да се заврши 9 километри цевковод и систем за филтрирање и сето тоа само за 4 милиони евра“ се пофали градоначалничката Арифи.
Таа, исто така, најави дека се излобирани сретства од 7 милиони евра од УНДП и швајцарската агенција за развој со што тие прифатиле да изработат и релизираат проект за комплетно стандардизирање на депонијата во Русино за да може таа депонија да ги задоволи барањата на сите јавни комунални претпријатија од регионот. Првичниот договор со инвеститорите се очекува да биде потпишан до крајот на мај.