ПО ВТОРПАТ ЗАПАЛЕНА КОЛА НА ЕКСНАЧАЛНИКОТ НА СВР ШТИП БОБИ ГИДИОСКИ, ЧЕТВРТО ОПОЖАРЕНО ВОЗИЛО ЗА ДВА МЕСЕЦА ВО ГРАДОТ

    ПО ВТОРПАТ ЗАПАЛЕНА КОЛА НА ЕКСНАЧАЛНИКОТ НА СВР ШТИП БОБИ ГИДИОСКИ, ЧЕТВРТО ОПОЖАРЕНО ВОЗИЛО ЗА ДВА МЕСЕЦА ВО ГРАДОТОва е вторпат да му е запалена кола на Гидиоски, првата беше запалена лани во јули кога тој беше началник на полицијата во Источна Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Ноќеска на полноќ, на паркинг на улицата Ванчо Китанов во Штип запалено е возило на поранешниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски. Територијалната противпожарна единица во Штип веднаш по пријавата учествувала на гасењето на опожареното возило марка „голф“ сопственост на ќерката на Гидоски, но и тој го користел.

    Ова е вторпат да му е запалена кола на Гидиоски, првата беше запалена лани во јули кога тој беше началник на полицијата во Источна Македонија.

    За неколку дена ова е второ палење возило во Штип, а за два месеца вкупно се запалени четири возила. Во октомври, во двор од семејната куќа беше запалено возилото на управителот на регионалната телевизија М-Нет, Благој Серсемов, а во други населби беа запалени уште две запалени возила.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира