Спаско Симоновски, првиот декан на Педагошкиот факултет во Штип, почина на 84 години по кратко боледување . Тој бил директор на Педагошката академија и член на матичната комисија за основање на Педагошки факултет во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ .
Деканот на Факултетот за образовни науки, кој ги продолжува традициите на Педагошката академија и Педагошкиот факултет во Штип, Емилија Петрова-Ѓорѓева, на комеморацијата рече дека Симоновски, роден во селото Град, Општина Делчево, дал голем придонес во образованието на илјадници кадри кои ја завршиле Педагошката академија, а подоцна и Педагошкиот факултет кој денес е столб на образованието не само во Штип, туку и пошироко во цела Македонија.
По завршувањето на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје се вработил на Педагошката академија во Штип каде беше директор од 1995 до 2000, а со формирањето на Педагошкиот факултет стана и првиот декан. Вишата педагошка школа во Штип датира од 1959, како Педагошка академија постои од 1961 до 2007 во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а потоа преминува во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ како Факултет за образовни науки.
Т. ЈОВАНОВСКИ