ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА СПОРНАТА УЛИЦА НА КЕЈ 13 НОЕМВРИ, КАФЕАНЏИИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ

    ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА СПОРНАТА УЛИЦА НА КЕЈ 13 НОЕМВРИ, КАФЕАНЏИИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ

    Почна изградбата на спорната сообраќајница која ќе го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември. Утрово градежници почнаа да ги вадат плочките од шеталиштето , а поставена е и заштитна ограда.

    Кафеанџиите од Кејот, изненадени што за време на викенд почнуваат градежни активности, добија штури објаснувања за почетокот на градењето од работниците, а велат дека се јавиле и во Општина Центар.

    „Се јавивме во Општина, бидејќи Андреј Жерновски лично ни вети дека додека е тој градоначалник, улицата нема да се гради, но таму никој не се јавувва. Нема кој да ни објасни што се случува“, се пожалија кафеанџиите.
    Тие се собираат за протест кој треба да почне во секој момент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира