ПОД КОНТРОЛА Е ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „МАКПРОГРЕС ВИНЧИНИ“ ВО ВИНИЦА, ОД СТОПЕН ШЕЌЕР ПОВРЕДЕНИ НЕКОЛКУМИНА ПОЖАРНИКАРИ

    ПОД КОНТРОЛА Е ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „МАКПРОГРЕС ВИНЧИНИ“ ВО ВИНИЦА, ОД СТОПЕН ШЕЌЕР ПОВРЕДЕНИ НЕКОЛКУМИНА ПОЖАРНИКАРИПри неколкучасовна интервенција на многубројните противпожарни екипи, неколкумина пожарникари добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. (Фото: Принтскрин од видео на ТВ Кочани)

    Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по производите од брендот „Винчини“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов. При неколкучасовна интервенција на многубројните противпожарни екипи, неколкумина пожарникари добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.

    „При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса“, рече Ангелов.

    Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди во пожарот, дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководителка на Одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница.

    „Петмина од нив се наоѓаат на хирургија, од нив четворица се со изгореници на нозете од прв и втор степен. Петтиот што е задржан на хируруршкото одделение е со инхалациони (токсиколошки) повреди. Други петмина повредени во пожарот во ‘Макпрогрес’ се згрижени на интерното одделение во Општата болница во Кочани. Сите се со инхалациски повреди (вдишување чад), односно со токсиколошки наод. Шест други лица веднаш се препратени на клиника во Скопје, сите затруени со чад од огнот. Преостанатите заминале после укажаната лекарска интервенција“, вели д-р Цимбаљевиќ.

    Таа не можеше да прецизира колку од нив се пожарникари, а колку се вработени во „Макпрогрес“.

    Во пожарот се уништени три производствени погони на „Макпрогрес Винчини“, која е и најголемиот стопански објект во оваа општина. Пожарот избувна во 18:40 часот и во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката, од кои два магацини. Сите имале сончеви панели на кровот.

    На терен веднаш излегоа екипите на Противпожарната единица на Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, а помогнаа и противпожарните служби од Кочани, Македонска Каменица и Штип, Пробиштип, Струмица, Кавадарци и Велес, кажа Ангелов. Огнот се прошири вдолж фабриката, а жители на Виница со куќи во близина на огнот стравуваада не се прошири и кон нив.

    Основана е пред 35 години, „Макпрогрес Винчини“ е еден од водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија, 75% од производството е наменето за извоз, а производите се извезуваат во 45 држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира