ПОДМЕТНАТИ ДЕСЕТИНА ПОЖАРИ ВО БИТОЛА, ЗАГРОЗЕНО И УЧИЛИШТЕТО ВО СТРЕЛИШТЕ

    ПОДМЕТНАТИ ДЕСЕТИНА ПОЖАРИ ВО БИТОЛА, ЗАГРОЗЕНО И УЧИЛИШТЕТО ВО СТРЕЛИШТЕОд 13 часот континуирано на секои 15 до 20 минути ни палеа пожари, велат од битолската Пожарна. (Фото: СДК.МК)

    За три часа во Битола избувнаа десетина пожари, за кои од Противпожарната единица велат дека биле подметнати. Најопасно беше во населбата Стрелиште на влезот на Битола од страната на Прилеп, каде огнот се доближа до објектот каде се сместени училиште и градинка. Пожарникарите вложија натчовечки напори да го спасат објектот.

    „Од 13 часот континуирано на секои 15 до 20 минути ни палеа пожари. Во Стрелиште се зафати градинката, интервениравме таму со две возила и шест пожарникари. Мораа да ги скршат прозорците од училиштето за да влезат внатре, да се исклучи струјата и да се спаси објектот. Од 13 часот наваму имаме 10 до 11 интервенции на различни локации“, рече Горан Димковски од Противпожарната единица во Битола.

    Дождот што падна попладнево во Битола им помогна на пожарникарите во гасењето на пожарите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира