ПОМОР НА РИБА ВО БРЕГАЛНИЦА КАЈ ШТИПСКО ПЕНУШ, НЕ СЕ ЗНАЕ ОД ШТО ОТИ НЕМА ЕКО-ИНСПЕКТОРИ

    ПОМОР НА РИБА ВО БРЕГАЛНИЦА КАЈ ШТИПСКО ПЕНУШ, НЕ СЕ ЗНАЕ ОД ШТО ОТИ НЕМА ЕКО-ИНСПЕКТОРИНаеднаш во реката почнала да тече млечнобела течност и многу брзо се јавил помор на риба, велат рибарите очевидци. (Фото: Принтскрин од аматерско видео)

    Штипски рибари кои биле на риболов на реката Брегалница кај селото Пенуш, Штипско, сигнализираат дека неколку часови по риболовот наеднаш во реката почнала да тече млечнобела течност и многу брзо во ревирот каде тие рибареле се јавил помор на риба.

    „Ние рибараме со дозволи и на спортски начин, а инспектори кога доаѓаат на терен нас нè малтретираат и ни бараат секаква документација, а за вакви случаи како што е овој со поморот на рибата нив тоа не ги интересира, па дури ниту го пријавуваат случајот таму каде што треба“, велат штипски рибари.

    Од Општината велат дека тие преку локалните комунални инспектори ќе напраат увид на состојбата и ќе бараат од еколошките инспоктори на повисоко ниво да интервенираат и да утврдат за каков помор се работи и од што се случил.

    Последниот помор на риба во Брегалница кај Штип беше во јуни 2020, но во горниот тек на реката кога од ТИР зоната истекла цела цистерна стопанска хемикалија која исто така тогаш предизвика водата во реката да добие млечнобела боја и се случи голем помор. Но најновиот случај е на крајниот тек на Брегалница после Штип кај селото Пенуш, од каде реката меандрира кон Вардар.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира