Поправен е плафонот од таванот во Големата сала на Центарот за култура во Битола. Тој попушти на 3 април, откако со години не беше променет и беше зашрафен со шајчиња од 40 милиметри за внатрешната дрвена конструкција.
На критичното место е ставен нов плафон, а на други делови направено е зашрафување.
Од понеделник се очекува да продолжат културните настани кои беа одложени поради проблемот со таванот. За среќа, вработените навреме го забележаа плафонот и тој не падна врз столчињата за публиката и не предизвика сериозни проблеми.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



