68-годишен маж утрово во 9.10 часот бил потрупан од потпорен ѕид на улицата Дане Крапчев во скопската населба Дебар Маало.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека според првичните информации од терен, човекот застанал во близина на објект каде имало градежни активности, и додека стоел на улицата врз него паднал потпорен ѕид.
Според информациите од МВР тој починал на самото место.
Од полицијата засега нема информација дали човекот бил минувач или работник на објектот.