Попладнево изби пожар кај ресенското село Долно Дупени, во близина на Преспанското Езеро.
Пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаја да ги спасат викендиците и куќите од селото. Огнот се движи кон непристапен терен, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.
„Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа, а поради температурни ограничувања ќе полета и еден полициски хеликоптер. На пожарникарите им помага и локалното население. Нема опасност по куќите од селото и околните викендици“, соопшти Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата.
Ж. ЗДРАВКОВСКА