ПРЕСУШИЈА БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ

    ПРЕСУШИЈА БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИДенеска кај Билјанини извори имаше ретки посетители кои црпеа вода што останала кај изворите од пред неколку дена. (Фото: СДК.МК)

    Билјанините извори кај Охрид денеска пресушија. Од бетонските отвори не излегува ниту една капка вода. Еден од главните белези на градот сега стана атракција за гостите кои ги фотографираат изворите, но овој пат без вода.

    Водата во Билјанини извори почна да секнува уште пред речиси еден месец,а денес прекинат дотокот е целосно прекинат. Од Охридски водовод велат дека до пресушувањето на изворите дошло поради зголемената потреба за вода во градскиот водовод и потребите на Хидробиолошкиот завод за одгледување на рибниот фонд во нивните базени.

    Како што велат оттаму, над изворите има базен во кој се собира изворската вода и од него прво се црпи вода за градскиот водовод, потоа за Хидробиолошки, а она што ќе остане од водата се појавува на отворите на Бијанини извори. Во овој случај нема доволно вода и затоа изгледа дека изворите пресушиле.

    Во овие летни горештини што го зафатија и Охрид, охриѓани и гостите ладна вода најчесто полнеа од Билјанини извори. Денес имаше ретки посетители кои црпеа вода што останала кај изворите од пред неколку дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира