ПРИЛЕПСКАТА ПРОСЛАВА НА СВЕТИ НИКОЛА Е ТРПЕЗА ЗА СИРОМАШНИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИЛЕПСКАТА ПРОСЛАВА НА СВЕТИ НИКОЛА Е ТРПЕЗА ЗА СИРОМАШНИТЕ

    Градската прослава на христијанскиот празник Свети Никола во Прилеп последниве две-три години е можност за богат ручек на сиромашните, бездомниците, питачите. Собрани во групи, смрзнати, немоќни и гладни, многу прилепчани на овој ден чекаат со нетрпение да заврши свечената литургија кај параклисот, што го носи името на светецот во центарот на градот, па да почне делењето посна маренда – посна сарма, светиниколско густо гравче и пржена риба . Редицата е долга, а нивниот глад поголем од студот .

    Единаесет години по ред Општина Прилеп  со бизнис донатори организира градска слава за Свети Никола. Додека владиката Петар вообичаено ја крева погачата, блиските на кумовите на прославата и други верници палат свеќи, го следат ритуалот. А, оние кои стојат во редицата, имаат сосем поинаква реалност само на 30-ина метри, каде што е сервирана посната трпеза .

    Собрани во групи, смрзнати, немоќни и гладни, многу прилепчани на овој ден чекаат со нетрпение да заврши свечената литургија во центарот на градот, па да почне делењето посна маренда (Фото: СДК.МК)

    Собрани во групи, смрзнати, немоќни и гладни, многу прилепчани на овој ден чекаат со нетрпение да заврши свечената литургија во центарот на градот, па да почне делењето посна маренда (Фото: СДК.МК)

    Во духот на традицијата, домаќинот на годинешната слава, сопствениците на конфекцијата „Васидора“, приредија богата посна трпеза на која беа сервирани: 65.000 посни, мали сарми, подготвени со 1.200 кила зелка, 200 ила грав, 80 кила ориз, 40 кила црвен пипер, 300 литри масло за готвење, 350 кила. риби, 100 кила. маслинки, 100 кила. овошје 2000 литри бело и црвено вино и 100 литри ракија.

    Всушност, оваа прослава само е потврда за големиот јаз меѓу сиромашните и богатите во Прилеп, зашто без оглед на евидентираниот број на корисници на социјална помош, сиромаштијата во градот расте. Во редиците чекаат и пензионери, земјоделци, граѓани кои живеат со минимални неколку илјади денари месечно. Нивниот социјален статус се чита од облеката, обувките. А сите донатори секогаш, откако ќе поделат по некој оброк на сиромашните, одат на гала ручеци во прилепските хотели.

    Прилепчани последниве години, место на јавната прослава организирана од градската власт, Свети Никола го слават во своите домови, со најблиските, даруваат и дискретно помагаат на немашните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира