Работник кој работел на изградбата на хотел во Лагадин кај Охрид вчера паднал од објектот и тешко се повредил. Првин бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“, но поради тежината на повредите итно бил транспортиран во Клинички центар во Скопје.
„Вчера околу 16.50 часот, во полициската станица во Охрид, од болницата ‘Св. Еразмо’ било пријавено дека кај нив бил донесен П.М. (56) од Охрид. Тој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин во Охрид. Поради сериозноста на повредите, П. М бил пренесен во Клинички центар – Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Д. ЧУБРИЌ