РАЧНА БОМБА ПРОНАЈДЕНА ПРЕД ТЕТОВСКИОТ ЗАТВОР

    РАЧНА БОМБА ПРОНАЈДЕНА ПРЕД ТЕТОВСКИОТ ЗАТВОРТетовската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот. - Затворот во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Денеска околу 10 часот и 30 минути, вработен во КПУ„Тетово“ во Тетово пријавил во СВР Тетово дека на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, во близина на затворот, каде го паркирал неговото патничко моторно возило, покрај предното лево тркало забележал експлозивна направа (рачна бомба „кашикара“).

    Екипа од СВР Тетово, веднаш излегла на местото каде е пронајдена бомбата и извршила увид, а биле повикани и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и Единицата за антитероризам на МВР за подигнување и транспортирање на експлозивната направа.

    Тетовската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира