СЕ ЧИСТЕШЕ ОД ОТПАД ВЕЛЕШКАТА НАСЕЛБА РАМИНА, ИСЧИСТЕН ЕДЕН ХЕКТАР ЈАВНА ПОВРШИНА

    СЕ ЧИСТЕШЕ ОД ОТПАД ВЕЛЕШКАТА НАСЕЛБА РАМИНА, ИСЧИСТЕН ЕДЕН ХЕКТАР ЈАВНА ПОВРШИНАСобрани беа 5 метри кубни отпад. (Фото: СДК.МК)

    Месноста Рамина денес беше локација каде се спроведе чистење на јавните површини од отпад. При тоа биле собрани 5 метри кубни отпад, а исчистена површина од еден хектар. Во акцијата учествувале доброволци, вработени во ЈКП Дервен, Хабитат Македонија и фондацијата Фокус од Велес. Таа е дел од едукативната кампања „За чист дом, за здрав живот – Фрлај го отпадот на означеното место!“ која се организира во општина Велес, во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“.

    „Целта на оваа акција за чистење е преку практичен пример да се мотивираат жителите од овој дел од градот активно да учествуваат во одржувањето на хигиената на јавните простори, како и да се подигне свесноста за важноста за правилното одлагање и управување со отпад“, соопштија од Хабитат- Македонија.

    Во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“ кој го спроведува Хабитат Македонија, а во Велес се спроведува од 2020 година, изработен е ДУП за областите каде што живеат маргинализирани групи граѓани, набавено е возило за собирање на смет за ЈКП Дервен низ тешко пристапните делови на Велес, се спроведува едукативната кампања за правилно отстранување отпад, а во тек е и процесот за избор на куќи кои ќе се реновираат.

    Главна цел на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“ е социјална инклузија во домувањето, образованието и здравството кај Ромите и маргинализираните заедници во Шуто Оризари и Велес. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира