СЕ ИЗЛЕА КАЛКОВСКА РЕКА, ЗАТВОРЕН ПАТОТ ВАЛАНДОВО-УДОВО

    СЕ ИЗЛЕА КАЛКОВСКА РЕКА, ЗАТВОРЕН ПАТОТ ВАЛАНДОВО-УДОВОДел од патниот правец пред Јосифово е под вода, а кај мостот има и наноси од чакал и песок каде е заглавен камион.(Фото:СДК.МК)

    Затворен е сообраќајот на патниот правец  Валандово – Удово бидејќи од обилните врнежи од дожд се излеа Калковска Река кај населеното место Јосифово. Дел од патниот правец  пред ова населено место е под вода, а кај мостот има и  наноси од чакал и песок каде е заглавен камион. Сообраќајот од Валандово кон Скопје се пренасочува преку населените места Марвинци и Балинци и засега нема најави кога ќе се нормализира патниот правец кон Удово.

    Екипи на „Македонија пат“ и валандовското комунално претпријатије се излезени на терен и работат на  отстранување на наносите и проширување на речното корито на Калковска Река, за да се нормализира зголемениот водостој и да се приспособи патот кон Јосифово и Удово.

    Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов вели дека по нормализирање на временските услови ќе се чисти речното корито на Калковска Река, на која во изминатииве години воопшто не е интервенирано.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира