СЕ ИЗЛИЗГА ЕДЕН ОД ПАТНИЧКИТЕ ВАГОНИ KAJ КАДИНА РЕКА НА УТРИНСКИОТ ВОЗ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЗА СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    СЕ ИЗЛИЗГА ЕДЕН ОД ПАТНИЧКИТЕ ВАГОНИ KAJ КАДИНА РЕКА НА УТРИНСКИОТ ВОЗ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЗА СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИСпоред патниците, инцидентот се случил кога возот од железничка станица Кадина Река поаѓал кон Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Еден од трите вагони на утринскиот патнички воз од Гевгелија за Скопје се излизгал од шините кај Кадина река, утрвото околу 7 часот. Според Македонски железници, нема повредени.

    Од шините излизгал вториот од трите вагони. Според патниците кои во тоа време патувале за Велес, инцидентот се случил кога возот од железничка станица Кадина Река поаѓал за крајната дестинација Скопје. Бидејќи се случило во правец кон главниот град, железничкиот сообраќај на релацијата Велес-Скопје е во прекин.

    „Екипа е веќе упатена кон местото на настанот со железничко возило. Се очекува во најкус рок да бидат отстранети последиците од вонредниот настан и воспоставување на железничкиот сообраќај“, соопштија од МЖ Инфраструктура.

    Во правец на Кадина Река утрово бил упатен патнички воз кој ги презел патниците од гевгелискиот воз и тие се веќе стигнати во Скопје. Поради инцидентот не сообраќаа утринскиот патнички воз од Скопје за Битола и претпладневниот од Скопје за Велес, а сообраќајот се нормализираше околу 11.30 часот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира