ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ГРАДИ СЛЕДНАТА ГОДИНА, НАЈАВИ ТАРАВАРИ

    ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ГРАДИ СЛЕДНАТА ГОДИНА, НАЈАВИ ТАРАВАРИМинистерот Таравари и неговиот заменик Јовица Андовски со директорот на Клиничката болница во Штип, Владко Захариев, се договорија недостигот на кадар да се решава со приватните специјализанти. (Фото:СДК.МК)

    „До крајот на годината недостигот на кадар во државното здравство ќе се решава со приватните специјализанти и од 30 заинтересирани, над 10 доктори од регионот ќе бидет примени во Клиничката болница во Штип“, рече министерот за здравство Арбен Таравари, кој денеска ја посети болницата.

    Таравари кажа дека старата зграда е во лоша состојба и е иста како во 2017 кога првпат ја посетил.

    „Од наредната година интезивно ќе продолжи изградбата на новата Клиничка болница во Штип, а дотогаш ќе се спроведат тендерите и ги повикувам сите заинтересирани компании да извршат увид на досега изграденото. Мој приоритет, покрај Штип, се и Клиничката болница во Тетово и Општата болница во Кичево, која почна да се гради во 1996 и сѐуште е карабина“,  рече Таравари.

    Тој додаде дека од 2.500 вработени со договор за дело, над 1.000 ќе бидат примени до крајот на годината.

    Директорот на Клиничката болница во Штип, д-р Владко Захариев, рече дека сите одделенија имаат недостиг од лекарски кадар и медицински сестри, а посебно недостигаат болничари и хигиеничари. Најголем недостиг има во одделенијата за анестезија, ортопедија и гинекологија и во интерното одделение.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира