ШТИПСКИОТ ОРДЕН „СВ. НИКОЛА“ ЗА КИРО ГЛИГОРОВ ГО ПРИМИ НЕГОВАТА ЌЕРКА ДОНКА

    ШТИПСКИОТ ОРДЕН „СВ. НИКОЛА“ ЗА КИРО ГЛИГОРОВ ГО ПРИМИ НЕГОВАТА ЌЕРКА ДОНКАОрденот „Св. Никола“ постухмно наменет за Киро Глигоров градоначалникот Благој Бочварски го даде на неговата ќерка Донка Глигорова (Фото: СДК.МК)

    На свечената академија по повод патрониот ден на Штип – Свети Никола, главното општинско признание, Орденот „Св Никола“ му беше врачено постхумно на првиот претседател на Република Македонија Киро Глригоров.

    Орденот од градоначалникот на Штип Благој Бочварски го прими ќерката на Киро Глигоров,  Донка Глигорова која од сѐ срце се заблагодари на градот што се сетил едно вакво признание да додели на нејзиниот татко кој целиот свој живот го посветил за развојот на Штип и на Република Македонија.

    „Македонија е сѐ  што имаме – постојано велеше претседателот Глигоров“, рече Бочварски при доделувањето на признанието и забележа дека политичари и дипломати уште прикажуваат позитивни ефекти од работатаа на архитектот на Република Македонија.

    Досегашни добитници на орденот се: владиците Стефан и Иларион, докторите Сашко Кедев, Илија Џонов, Методија Чепреганов и Жан Митрев и политичарите Срѓан Керим и Никола Груевски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира