ШУМСКИ РАБОТНИЦИ ОД ШТИПСКО ПРЕТЕПАНИ ОД ДРВОКРАДЦИ ЗАШТО ГИ ПРЕДУПРЕДИЛЕ ДА НЕ КРАДАТ ДРВА

    ШУМСКИ РАБОТНИЦИ ОД ШТИПСКО ПРЕТЕПАНИ ОД ДРВОКРАДЦИ ЗАШТО ГИ ПРЕДУПРЕДИЛЕ ДА НЕ КРАДАТ ДРВАПолицијата привела дел од дрвокрадците и го расчистува случајот (Фото: СДК.МК)

    Двајца вработени во шумското стопанство „Плачковица“ од Штип биле претепани од дрвокрадци откако ги предупредиле дека не треба да крадат дрва. Еден од работниците се здобил со потешки повреди и бил хоспитализиран.

    Кире Михаилов, заменик-директор на јавното претпријатие „Национални шуми“, вели дека го пријавил случајот во полиција, а за да ги предупреди граѓаните и дрвокрадците, за овој настан објавил и на својот фејсбук профил.

    Настанот се случил на подрачјето на планината Плачковица, кога работниците пресретнале дрвокрадци, кои со свои возила се движеле кон шумскиот појас. Откако ги предупредиле да не одат да крадот, веднаш биле нападнати и претепани.

    Полицијата привела дел од дрвокрадците и го расчистува случајот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира