СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО НЕГОТИНО ДОБИ ДИГИТАЛЕН РЕНТГЕН АПАРАТ, ВРЕДЕН 61 ИЛЈАДА ЕВРА

    СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО НЕГОТИНО ДОБИ ДИГИТАЛЕН РЕНТГЕН АПАРАТ, ВРЕДЕН 61 ИЛЈАДА ЕВРААпаратот го врачи јапонскиот амбасадор Оцука Казуја. (Фото: Јапонска амбасада)

    Здравствениот дом во Неготино доби дигитален рентген апарат, донација од Амбасадата на Јапонија во Македонија, со вкупна вредност од 61,001 евра.

    Апаратот на директорот на здравствената установа, д-р Љупчо Пасинечки му го врачи јапонскиот амбасадор Оцука Казуја.

    Преку грант програмата за мали проекти (ГГП), во Македонија се финансирани над 70 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од речиси 4 милиони евра. Дополнително, во 2021 и 2022, Јапонија ги опреми јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за ковид-19, како дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со ковид-19.

    Од 1996 до денес, преку ГГП програмата, Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема и возила за повеќе од 76 училишта и градинки, 70 здравствени установи и обезбеди 36 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 56 општини, во вредност од повеќе од 9,2 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира