СО ЦРНА БОЈА ПРЕМАЧКАН НАТПИСОТ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

    СО ЦРНА БОЈА ПРЕМАЧКАН НАТПИСОТ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛАДенеска со црна боја беше премачкани натписот „Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“. (Фото: Бабам Битола)

    По реакциите дека не е отстранета таблата со името на Ванчо Михајлов од бугарскиот клуб во Битола, а здружението е згаснато, денеска со црна боја беше премачкан натписот „Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“. На улицата Рузвелтова каде е сместен клубот остана само една од двете табли која го носи името на Здружението – „Културен центар Иван Михајлов“ Битола.

    Промената очигледно настана по денешното судско рочиште против претседателот на клубот Љупчо Ѓоргиев кога се запре прекршочната постапка, зашто е покрената кривична постака за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

    Денеска по судското рочиште, Весна Бендевска од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, соопшти дека бугарското здружение во Битола се водело на адреса во периферијата на градот, а не во центарот каде имаат отворено канцеларии. Таа рече дека еден од натписите (оној што сега е пребоен со црно) не се совпаѓа со името на здружението – Клуб Иван Михајлов.

    Бугарското здружението во Битола пред две недели беше избришано од Централниот регистар зашто не направи промени според измените од Законот за здруженија и фондации. Но, таблите со името Ванчо Михајлов останаа до денес. Очигледно, под притисок на јавноста едната е премачкани со боја за да не се чита.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира