СОБИРААТ СУВИ ГРАНКИ ЗА ДА СЕ ЗГРЕАТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБИРААТ СУВИ ГРАНКИ ЗА ДА СЕ ЗГРЕАТ

    Со кратки панталони среде зима четиригодишниот Исмаил Алиов собира суви гранки за да го згрее шестмесечното братче, но и да се згреат и останатите членови од четиринаесетчленото семејство во Кавадарци. Го сретнавме како и помагаше на мајка си Џеврие, додека ја полнеа количката со суви гранки, кои ги собираа на патот близу кавадаречката градска општа болница. И додека други деца на негова возраст во овие предновогодишни денови добиваат новогодишни пакетчиња Исмаил сонува за тоа да не биде гладен и да не му е студено во ромската населба “Тенеки маале”.

    „Му студи, како не му студи, ама како што немаме храна за јадење, така немаме ниту алишта за да се облечеме доволно. Криза голема, многу ни е тешко.  Тој си знае кутриот, ама трчка ете како што гледате наоколу, помага колку што може. Мажот ми е во затвор. Ние овде страдаме, многу голема мака си имаме. Одвај се снаоѓаме за корка леб, а за прашок за перење и за  друго да не зборуваме, катастрофа е ова за нас“.      ни рече неговата мајка.

    Таа тврди дека има дури 13 деца од кои 11 машки и две девојчиња. Вели дека не добивала  социјална помош поради парите што ги заработувала од собирање на пластични шишиња, а сега се обидува да добие социјална помош.

    disklejmer-prikazni-23734

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира