СОВЕТНИЧКА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ТУЖИ КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОТИ СКРШИЛА РАКА НА МРАЗ

    СОВЕТНИЧКА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ТУЖИ КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОТИ СКРШИЛА РАКА НА МРАЗ

    Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Куманово Злата Божиновска ќе го тужи градоначалникот Зоран Дамјановски затоа што не ги исчистил тротоарите од снег, па таа паднала и си ја скршила раката. Таа вели дека се одлучила на ваков чекор за да го натера градоначалникот сериозно да ја сфати работата и да влијае на службите за зимско одржување на улиците и јавните претпријатија што побрзо да ги исчистат јавните површини заради безбедностa на граѓаните.

    „Го прашувам нашиот градоначалник како може мирно да спие кога по десетици луѓе дневно се здобиваат со скршеници. Нека излезе по тротоарите во центарот на градот да види колку се безбедни нашите граѓани и нека прошета покрај градинките и училиштата да види како се движат децата. Тоа го кажувам и од свое лично искуство. Во понеделник додека одев пред Општинскиот суд се лизнав на тортоарот и паднав.Скршен ми е зглобот на раката и имам големи болки, поради што ќе барам надомест на штета“ – вели Божиновска.

    Советничката е една од стотината кумановци кои во изминатите 15 дена се здобија со скршеници по телото откако паднаа на замрзнатите улици и тротоари. Тротоарите и споредните улички во Куманово се вистински лизгарници, поради тоа што се оковани во мраз, а чистењето оди многу бавно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира