Грција ја спушти рампата за влез на тешки товарни возила кои транзитират преку Македонија. Поради лошите временски услoви и состојбата на патиштата, грчките власти од утрово забранија транзит на сите видови тешки моторни возила. Од таа причина во граничниот простор меѓу Македонија и Грција заглавени се околу 80-тина камиони, а пред македонсkата граница чекаат дополнителни 20-тина камиони натовареnи со разновидна стока.
„Чекаме со часови и нема објаснување кога ќе ја дигнат рампата. Дојдов утринава и ми кажаа дека Грците забраниле преминување на нивна страна заради снег и лошите услови на патот. Нема што да се прави мора да стоиме овде“, коментираа превозниците.
Македонските погранични служби ги информираат превозниците дека од грчка страна е забранет сообракајот за тешки товарни возила.
За разлика од товарниот, патничкиот сообракај на Богородица-Евзони се одвива нормално. Засега нема најави од грчка страна кога ќе се кренат рампите затешките моторни возила кои доаѓаат од македонска страна.