СТРУМИЧАНЕЦ ПОЧИНАЛ ОД СМРЗНУВАЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТРУМИЧАНЕЦ ПОЧИНАЛ ОД СМРЗНУВАЊЕ

    60-годишниот Трајко Трендов од Струмица, кој живел сам на улицата Пиринска, вчера е најден мртов пред неговиот дом. Неговото тело пред влезната врата го забележале соседите, кои веднаш ја повикале полицијата и неговите најблиски. Телото на Трендов било вкочането, а од направениот увид е констатирано дека починал од смрзнување од студ.

    „Ме викнаа и ми кажаа дека татко ми лежел починат. Кога отидов во неговиот дом таму имаше полиција, обвинители но и медицински тим. Констатираа дека починал од смрзнување, бидејки врз неговото тело немаше знаци на насилство“, вели Дарко, син на починатиот Трајко, кој со години живее кај мајка му.

    Ден претходно, Трендов со знаци на алкохол, бил забележан како лежи на улица Крушевска со знаци на хипотермија. Брзата помош интервенирала и по неколку часа Трајко со полиција бил однесен кај Дарко.

    „Во саботата го донесе полиција и го однесов во неговиот дом. Го прашав како му е, рече дека е добар. Го легнав во кревет и заспа, по што отидов во домот под кирија каде живеам со мајка ми, за да по 12 часа дознаам дека татко ми починал“, вели Дарко.

    Деновиве температурите во Струмица се под нулата, а преку ноќта стасаа и до -18 Целзиусови степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира