ТЕТОВО И ГОСТИВАР НАЈАТРАКТИВНИ ЗА СТРАНСКИТЕ ТАНЧАРКИ

    ТЕТОВО И ГОСТИВАР НАЈАТРАКТИВНИ ЗА СТРАНСКИТЕ ТАНЧАРКИОд приведените девојки минатата година, најногу биле од Албанија. - Од една од акциите на СВР Тетово (Фото: МВР)

    Тетовската полиција минатата година открила 119 странски државјанки кои нелегално работеле во тетовско и гостиварско, што е двојно повеќе отколку во 2016 година. Тие биле откриени во 28 угостителски објекти, 15 во тетовско и 13 во гостиварско.

    Странските државјанки најчесто работат како келнерки, танчарки, пејачки или собарки, но полицијата се сомнева дека зад тие нивни професии неретко се крие и трговија со луѓе, проституција и други криминални активности.

    Од приведените девојки 69 биле од Албанија, 38 од Србија, 10 од Косово и по една од Бугарија и Црна Гора. Но, и македонски девојки работат во овие локали, па покрај странските биле откриени и 67 македонски државјанки.

    „Откриените странски државјанки најчесто го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија, односно престојувале спротивно на целта со која биле дојдени во нашата земја. Најчесто се затекнати како работат како танчарки, келнерки, пејачки и во најголем дел не поседувале работна дозвола. На сите затекнати странски државјанки им биле изготвени поднесоци и биле депортирани во нивните матични земји. Покрај ова им биле изречени и парични глоби со забрани за влез во Република Македонија во период од 1 до 5 години“, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Што се однесува до македонските државјанки, Јосифовски вели дека за нив е надлежна трудовата инспекција, па полицијата врши само контрола, а се преземаат соодветни мерки само во случаи ако евентуално станува збор за малолетнички или пак за девојки за кои има сознание дека се вклучени во проституција.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира