Тетовската полиција заплени над 26.000 петарди и друга пиротехника, откриени во возилото на жител на Скопје, кој веднаш е приведен.
„При планирана контрола, а по претходни оперативно потврдени сознанија, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н. И. (53) од Скопје на наплатната станица Желино, во чие возило ‘фиат добло‘, сопственост на скопска фирма, биле пронајдени 26.540 петарди и друга пиротехника и 77 килограми тутун. Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н. И. е задржан во Полициската станица Тетово заради расчистување и документирање на случајот“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Против приведениот Н. И. ќе бидат изготвени соодветни поднесоци, велат од тетовската полиција.
З. АНДОНОВ