„ТИКВЕШ“ ЈА ПРОМОВИРАШЕ НОВАТА ИТАЛИЈАНСКА ОПРЕМА ЗА ПОЛНЕЊЕ ВИНО ВО СТАКЛЕНА АМБАЛАЖА ВРЕДНА 4,2 МИЛИОНА ЕВРА

    „ТИКВЕШ“ ЈА ПРОМОВИРАШЕ НОВАТА ИТАЛИЈАНСКА ОПРЕМА ЗА ПОЛНЕЊЕ ВИНО ВО СТАКЛЕНА АМБАЛАЖА ВРЕДНА 4,2 МИЛИОНА ЕВРАНовата автоматска линија за полнење вино има капацитет од 12.000 шишиња на ча - Светозар Јаневски и италијански амбасадор Андреа Силвестри (Фото: ВВ Тиквеш)

    Во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци свечено беше пуштена во работа комплетно нова дигитализирана автоматска линија за полнење вино во стаклена амбалажа. Најновата инвестиција на ВВ „Тиквеш“ во современа опрема е во вредност од 4,2 милиона евра, обезбедени делумно преку кредитна линија ЕИБ7 од Европската инвестициска банка.  Новата автоматска линија за полнење вино има капацитет од 12.000 шишиња на час.

    Опремата е изработена од реномираните италијански производители „Гаи“, „Макро“, „Апе“, „Робино и Галандрино“ и „ГСА“ и ќе придонесе за зголемување на ефикасноста и за брзината при испораката на виното до купувачите.

    Визијата за раст на ‘Тиквеш’ се темели на извонредност во сѐ што правиме, континуиран одржлив развој, следење и имплементација на светските стандарди и трендови во винската индустрија и на постојани инвестиции. Наш предизвик е да бидеме секогаш во тек со иновациите и да ги имплементираме во нашето работење. Денеска со гордост ја претставуваме нашата најнова инвестиција во опрема и технологија, која е според најновите и најсофистицирани стандарди во нашата индустрија“, истакна Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“.

    Покрај другото, со новата опрема се овозможува намалување на емисијата на јаглероден диоксид за околу 40% или 135 тони годишно, што е целосно во согласност со заложбите за одржливост и ESG принципите. „Тиквеш“ е првата винарница во Југоисточна Европа која ги има имплементирано овие стандарди, а неодамна го објави и првиот ESG извештај.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира