ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, ЗА НЕГО ГЛАСАА И СОВЕТНИЦИТЕ НА ЛДП И ДОМ

    ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, ЗА НЕГО ГЛАСАА И СОВЕТНИЦИТЕ НА ЛДП И ДОМТрајко Славески на конститутивната седница на Советот на Скопје (Фото: К. Попов)

    Поранешниот министер за финансии и носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, е нов претседател на Советот на Град Скопје.

    Славески денеска беше избран за претседател со 26 гласа „за“. За него, покрај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците/Алтернатива, гласаа и двајцата советниците на ЛДП и ДОМ, Никола Пановски и Теодора Крстевска.

    Советничката од ДОМ Теодора Крстевска кажа дека остануваат опозиција во Советот, а изборот на Славески го поддржале за да има конструктивен Совет.

    „Трајко Славески е докажана личност, со кредибилитет и верувам дека тој и градоначалничката Данела Арсовска ќе ги земат предвид нашите проекти кои ги претставивме во изборната кампања и за кои добивме над 10.000 гласови”, кажа Крстевска.

    За изборот на Славески не гласаа СДСМ, ДУИ и двајцата советници на Зелен хуман град.

    Во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, а СДСМ 12. ДУИ има пет советници, Левица четири, а по две советнички места имаат Алијанса за Албанците/Алтернатива, коалицијата ЛДП?ДОМ и независните кандидати од Зелен хуман град.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира