УЈП КАЗНИ ПЕТ УГОСТИТЕЛИ КОИ НА ВЕЛЕШКАТА ПИТИЈАДА НЕ ИЗДАВАЛЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ЗА ПРОДАДЕНИТЕ ПИТИ

    УЈП КАЗНИ ПЕТ УГОСТИТЕЛИ КОИ НА ВЕЛЕШКАТА ПИТИЈАДА НЕ ИЗДАВАЛЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ЗА ПРОДАДЕНИТЕ ПИТИОд УЈП апелираат до сите организатори на манифестации на отворено и продавачи да ги почитуваат законските одредби (Фото: СДК.МК)

    Ред мора да има и да се почитуваат законските одредби, изјавија од Управата за јавни приходи (УЈП), откако се казнети некои од угостителите на Питијадата во Велес, оти не издавале фискални сметки. Од УЈП апелираат до сите организатори на манифестации на отворено и продавачи да ги почитуваат законските одредби и да издаваат фискални сметки за секој реализиран промет.

    „Извршени се контроли на територијата на Велес за време на манифестацијата Велешка питијада. Во рамките на акцијата, по спроведените контроли, кај пет субјекти беа констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања. Конкретно, утврдени се прекршоци според член 21-б од Законот за регистрирање на готовинските плаќања (член 2), кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки за извршениот промет. Казните за правните лица за овие прекршоци се движат од 100 до 1.500 евра, додека за одговорните лица во правните лица казните изнесуваат од 50 до 100 евра“, одговорија од УЈП на прашање колку казни се изречени и во која висина.

    Потсетуваат дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, задолжително е да се издаваат фискални сметки за извршениот промет, односно услугата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира