УШТЕ СЕ ПОПРАВА БЛОКОТ ВО РЕК БИТОЛА, УВЕЗЕНА Е СТРУЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УШТЕ СЕ ПОПРАВА БЛОКОТ ВО РЕК БИТОЛА, УВЕЗЕНА Е СТРУЈА

    Во шпицот на грејната сезона, електро-енергетскиот стожер РЕК „Битола“ веќе три дена работи без третина од својот капацитет. Поради дефект на цевка, надвор од производствениот систем од саботата е третиот блок. Од ЕЛЕМ велат дека се работи деноноќно и се вложуваат натчовечки напори поради екстремно ниските температури да се стави блокот во функција. Од компанијата признаваат дека има увоз на струја, но тврдат дека тоа нема да се одрази врз цената на електричната енергија.

    „Техничкиот зафат во термоелектраната „Битола 3“  на кој од саботата наутро интензивно работат стручни екипи на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, поради тешките временски  услови во кој се одвива се очекува да заврши во текот на денешниот ден, а после завршувањето на техничко технолошките проби, најдоцна до раните утрински часови и да биде оперативен и вклучен во електроенергетскиот систем. Вработените во АД ЕЛЕМ и во РЕК Битола последните денови во период на екстремно ниски температури  прават натчовечки напори за целосно одржување на капацитетите во  функција“, пишува во соопштението на ЕЛЕМ.

    Од ЕЛЕМ известуваат дека за повеќе од 30 проценти е зголемена потрошувачката на струја од вообичаените количнини што во овој период од годината се трошеле во изминатите зими.

    „Домаќинствата и помалите компании што се на регулираниот пазар за електрична енергија ги добиваат потребните количини енергија и ќе продолжат да ги добиваат соодветно на нивните потреби. Поради екстремно ниските температури и зголемената потрошувачка, дел од потребите, се набавени од увоз преку јавна и транспарентна постапка. АД ЕЛЕМ како одговорна компанија ги стави во погон сите расположливи капацитети, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија  ги обезбеди на слободниот пазар“, пишува во соопштението.

    Од ЕЛЕМ додаваат дека доколку и понатаму има потреба од надополнување на потребите за електрична енергија ќе биде спроведена постапка за набавка, но тврдат дека тоа нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата.

    И минатите грејни сезони се случуваше РЕК поради дефекти да работи со еден до два блока помалку, а летото минатата година во еден еден се случи надвор од производство да бидат сите три блока. Од ЕЛЕМ изјавуваа дека количините струја се надополнуваат од другите капацитети и нема увоз на електрична енергија.

    Од СДСМ, пак, вчера испратија соопштенија до некои медиуми во земјава обвинувајќи дека струја се увезува веќе неколку дена по цена за околу 30 проценти повисока од вообичаеното. Во соопштението пишуваше дека на Божиќ бил направен интервентен увоз на струја  по цена од 59,3 евра за мегават час што е за 36 проценти повеќе од дозволената цена за увоз од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

    Ова го демантираше генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, кој изјави дека се работи за 175 мегавати електрична енергија увезена по цена за 35 проценти поевтина од просечната. Според него, ова е нормална постапка на увоз на струја кон што морале да пристапат заради зголемената потрошувачка и излегувањето од систем на третиот блок во РЕК.  

    Ж. Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира