ВАЛАНДОВО НА РЕФЕРЕНДУМ ВО АВГУСТ ЗА КАЗАНДОЛ АКО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈА ПОТПИШЕ ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ

    ВАЛАНДОВО НА РЕФЕРЕНДУМ ВО АВГУСТ ЗА КАЗАНДОЛ АКО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈА ПОТПИШЕ ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТТерминот за референдумот зависи од тоа кога градоначалникот на општината Николче Чурлиновски ја потпише одлуката и ја објави во службениот гласник. - Рудникот Казандол се наоѓа на километар од Валандово. (Фото: СДК.МК)

    Конечно донесена одлука за рефрендум во Валандово против рудници. На вонредната седница на Валандово закажана од една третина советници не присуствуваа советниците на ВМРО-ДПМНЕ со исклучок на еден, со чиј глас беше донесена одлуката за референдум по барање на граѓани со собрани 2.213 потписи што е повеќе од законските 20 отсто од жителите на општината со право на глас.

    Валандовци ќе се изјаснуваат или на 6 или на 13 август. Терминот зависи кога градоначалникот на општината Николче Чурлиновски ја потпише одлуката и ја објави во службениот гласник. Валандовци ќе се изјаснуваат по две референдумски прашања. Дали сте За или Против продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс Казандол и Дали сте ЗА или Против отварање рудници и комплекси за металични минерални суровини на територијата на општина Валандово.

    „Референдумот да се одржи во последната седмица од предвидениот законски рок. Законот налага локален референдум да се одржи не помалку од 25 и не повеќе од 40 дена од денот на објавувањето на одлуката. Така што сега се зависи од градоначалникот Николче Чурлиновски кога ќе ја потпише одлуката за што има рок од седум дена“, кажа Перо Костадинов член на Советот на општина Валандово.

    Ваква одлука е донесена бидејќи градоначалникот на Дојран Борче Стамов го опструираше референдумското изјаснување на дојранчани, заради што советниците мораа повторно да заседваат и носат нова одлука.
    „Ние сметаме дека Советот не е надлежен да носи ваква одлука. Со нашето отсуство се избегнува учество во носење на незаконска одлука која е пртив правна која носи непотребно трошење на општински средства но и ќе носи кривична одговорност“, рече Јасмина Сечкова претседателката на Советот.

    Валандово цели два месеци се обидува да донесе одлука за рефрендум. Советот прво не донесе одлука и побара да се собираат потписи. Откако беа собрани, претседателката Сечкова не сакаше да свика седница за референдум со што не се сложија мнозинството советници кои сепак донесоа одлука за референдумско изјаснување.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира