ВАЛАНДОВЦИ СОБРАА ПОТПИСИ ЗА ДА СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА РУДНИКОТ КАЗАНДОЛ

    ВАЛАНДОВЦИ СОБРАА ПОТПИСИ ЗА ДА СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА РУДНИКОТ КАЗАНДОЛПред канцеларијата на ДИК во Валандово граѓани чекаа ред да се потпишат за инцицијативата. (Фото: СДК.МК)

    Валандовци собраа потписи за да покренат граѓанска иницијатива за собирање потписи за референдум за рудникот Казандол. Тие покренуваат ваква иницијатива откако Советот на Општината пред десетина дена не донесе одлука за да се расправа за референдум, давајќи приоритет да се води експертска расправа за влијанието на рудникот. Според иницијативата „Спас за Валандово“, собрани се над 250 потписи во подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во ова општина, кои потоа ќе бидат доставени до Советот, кој е должен да покрене постапка за распишување референдум.

    „Ги користиме сите уставни и законски механизми за да се слушне гласот на граѓаните за вакви крупни прашања. Потписите што се собраа во ДИК во Валандово се основата на оваа иницијатива. Истите ќе бидат приложени до општината. Советот на општината е должна врз основ на овие потписи да даде зелено светло за да ги собереме потребните 2.000 потписи за распишување референдум по барање на граѓаните“, изјави Роберт Марков од иницијативата „Спас за Валандово“, која остануваат на ставот дека рудникот за катоден бакар Казандол, негативно ќе влијае врз животната средина.

    Според него, ако се соберат потребните 2.000 потписи, Советот автоматски треба да распише референдум, а не да гласа по истиот, бидејќи станува збор за барање на граѓаните, иако Советот е тој што одлучува кога би се распишал. За граѓанско изјаснување за или против рудници но и за стопирање на изградбата на рудникот Казандол минатата недела одлука донесе и Советот на општина Богданци.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира